Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против административен службеник на Меѓународниот универзитет во Тетово, поради постоење основи на сомнение дека сторило кривични дела злоупотреба на службената положба и овластувањето.
Според пријавата од финансиската полиција, службеникот во периодот од март 2020 година до февруари 2023 година, искористувајќи ја својата службена позиција, наместо паричните средства што во готовина му биле доверени од студентите на Природно-математичкиот факултет, Факултетот за физичка култура и Факултетот за медицина да ги уплати на сметката на Универзитетот преку веб-апликацијата Е-pay врз основа на партиципација, кофинансирање и други трошоци за студирање, тој ги присвоил за себе, при што противправно стекнал имотна корист од над 3,3 милиони денари, предизвикувајќи штета на буџетот на Универзитетот во Тетово.
Студентите од службеникот добивале фалсификувани потврди за наводно извршени уплати кои ги доставувале до студентската служба како доказ за извршена уплата – информира Управата за финансиска полиција.
The post Вработен на Меѓународниот универзитет во Тетово, присвоил над 3 милиони денари од студенти appeared first on Скопско ЕХО.