МВР информира дека рано утринава во 01:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот „Пријателство“, атар на с. Трубарево, скопско, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(33) од с. Батинци, скопско, изгубило контрола и излетало од патот, кое притоа влегло во дворно место од семејна куќа.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Н.М. и неговиот сопатник Д.Г.(39) од Скопје, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Текстот Возач излета од патот кај Трубарево, па заврши со „мерцедесот“ во двор – двајца се повредени е превземен од А1он.