Боливиските власти прогласија национална вонредна состојба поради сушата поврзана со климатскиот феномен Ел Нињо, која досега погодила повеќе од 78.000 семејства во земјата. Претседателот Родриго Паз соопшти дека мерката ќе овозможи мобилизирање финансиски и човечки ресурси за справување со последиците.Според Паз, ќе се координира работата на националните институции, со поддршка од меѓународната заедница, за да им се помогне на најпогодените подрачја. Тој предупреди дека Боливија може да се сооч