Општина Ново Село апелира до возачите да се движат бавно и внимателно по патните правци Сушица – Ново Село, Ново Село – Мокриево, Мокрино – Смолари и Смолари – Ново Село.

По силното невреме што доцна попладнето ја зафати општината, на патиштата има голем број паднати дрвја и електрични столбови, како и оштетени кабли и жици за електрична енергија.

Екипите на Општина Ново Село, заедно со екипите на ЈП „Македонија пат“, веќе се на терен и работат на отстранување на последиците. Поради големиот обем на штетите, се очекува да бидат потребни неколку часа за целосно расчистување и нормализирање на сообраќајот.

Од Општината апелираат граѓаните да возат бавно и внимателно и да внимаваат на паднатите електрични кабли.

The post Вонредна состојба на патиштата во општина Ново Село: Паднати дрвја, бандери и оштетени електрични кабли appeared first on Radio StrumicaNet.