Општинската организација на Црвен крст – Струмица, во соработка со Службата за трансфузиона медицина – Струмица, во петок, 24 јули, ќе организира вонредна крводарителска акција.
Акцијата ќе се одржи во просториите на ОО Црвен крст – Струмица, во периодот од 9:00 до 14:00 часот.
Од Црвениот крст информираат дека во текот на летниот период резервите на крв се намалуваат, додека потребата од крвни единици секојдневно расте. Оттаму ги повикуваат редовните крводарители и сите хумани граѓани кои ги исполнуваат условите за дарување крв да се приклучат кон акцијата.
„Твојата крв може да биде нечија надеж. Дарувај крв, спаси живот и биди нечиј херој“, порачуваат од ОО Црвен крст – Струмица.
The post Вонредна крводарителска акција во петок во Струмица: Дарувај крв, спаси живот! appeared first on Radio StrumicaNet.