По десетдневната забрана, од денес водата од градскиот водовод во Гостивар може да се користи за одржување на личната хигиена и хигиената во домовите, но и понатаму не смее да се користи за пиење и подготовка на храна.Надлежните информираат дека последните анализи покажале оти техничката вода е без присуство на колиформни бактерии. Сепак, засега нема информација кога водата ќе биде прогласена за безбедна за пиење, а контролите и анализите продолжуваат.И покрај ова, на пунктовите за дистрибуција