Водата од изворите во охридските села Елшани и Велестово привремено не смее да се користи за пиење, откако лабораториските анализи потврдиле бактериолошка неисправност, соопшти Општина Охрид.

 

По извршените испитувања од страна на ЈЗУ „Центар за јавно здравје – Охрид“, било утврдено присуство на бактериите E,  и колиформни бактерии, поради што е донесено решение за забрана на употребата на водата за пиење.

Од Општината информираат дека месните заедници во Елшани и Велестово се задолжени на видливи места да постават предупредувања со кои жителите ќе бидат известени дека водата не е безбедна за пиење.

 

Надлежните апелираат граѓаните да ја почитуваат забраната сè додека не бидат објавени нови анализи кои ќе потврдат дека водата повторно е безбедна за употреба.