Општина Босилово ги известува граѓаните дека, поради појава на заматување на водата од хидросистемот „Иловица“, водата од водоснабдителниот систем „Иловица“ привремено не треба да се користи за пиење, сè до добивање на ново известување.

Од ЈКПД „Огражден“ – Босилово информираат дека од утре ќе започнат активности за испуштање на водата и перење на водоснабдителниот систем, со цел нормализирање на состојбата.

Во меѓувреме, денеска се земени примероци од водата кои ќе бидат анализирани во акредитирана лабораторија. По добивањето на резултатите, јавноста ќе биде навремено информирана за понатамошните препораки.

Надлежните посочуваат дека известувањето се објавува како превентивна мерка за заштита на здравјето на граѓаните и апелираат препораката да се почитува до следното официјално соопштение.

The post Водата од системот „Иловица“ во општина Босилово привремено не е безбедна за пиење поради заматување appeared first on Radio StrumicaNet.