Во овој момент водата во Гостивар останува да се користи како техничка без да има насоки дека може да се користи за пиење и готвење, дециден е премиерот Христијан Мицкоски.

Како причина наведува појава на нова резидуална бактерија во водоводните инсталации поради која водата е забранета за пиење.

Во врска со обвинувањата до Владата дека ништо не е направено да се спречи труењето на водата во Гостивар, премиерот одговори дека во 2021, кога лидерот на СДСМ Венко Филипче беше министер за здравство, имало над 400 пријави за неквалитетна вода во Гостивар.

Мицкоски го повика Обвинителството да ги провери овие наводи и да отпочне постапка и да влезе во Институтот за јавно здравје, Агенцијата за храна и ветеринарство, зошто, како што рече, овие луѓе, кога имале можност не презеле ништо и не го заштитиле здравјето на гостиварци.

The post Во водата во Гостивар се појави нова бактерија, останува да се користи како техничка, кажа Мицкоски appeared first on Скопско ЕХО.