Во Europe House Skopje денеска ќе се одржи настанот „Resilient AI & EU Opportunities“, посветен на примената на вештачката интелигенција во деловниот и јавниот сектор, како и на можностите што ги нудат европските програми за поддршка на дигиталната трансформација и иновациите.

Настанот, организиран од „Силајз“ ДООЕЛ, ќе се одржи од 11 до 13 часот, а во негови рамки ќе бидат претставени најновите трендови и практични решенија поврзани со развојот и примената на вештачката интелигенција.

Според организаторите, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со неколку иновативни алатки, меѓу кои и AI гласовен агент на македонски јазик, кој има цел да ја подобри комуникацијата и ефикасноста на деловните процеси.

На настанот ќе биде презентирана и платформата Atmolyze, која е наменета за климатска, енергетска и оперативна интелигенција. Решението овозможува поддршка при донесување одлуки преку напредна анализа на податоци и подобро управување со ресурсите.

The post Во Скопје денеска настан посветен на вештачката интелигенција и европските можности appeared first on Прва Скопска ТВ.