Општина Центар ги повикува младите жители да аплицираат за субвенции за обука и полагање за возачка дозвола Б-категорија. Заклучно со 31 јуни 2026 година се исплатени субвенции во вкупен износ од околу 710.000 денари, а обезбедени се средства за сите заинтересирани до крајот на годината.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека мерката е важна поддршка за младите и нивните семејства, но и за безбедноста во сообраќајот.

Право на еднократна субвенција од 10.000 денари имаат младите родени 2007 и 2008, кои ќе достават барање и друга документација до општината.

The post Во Општина Центар во тек е огласот за субвенции за обука и полагање возачки испит appeared first on Прва Скопска ТВ.