
Во Министерството за образование и наука денеска ќе бидат потпишани договори за 14 заеднички научно-истражувачки проекти на Македонија и Австрија во области со развоен потенцијал. Проектите, како што информираат од МОН, се дефинирани во Стратегијата за паметна специјализација на државата. На потпишувањето на договорите најавено е обраќање на министерката за образование и наука Весна Јаневска.
The post Во МОН ќе бидат потпишани договори за 14 научни истражувачки проекти на Македонија и Австрија appeared first on biznisvesti.mk.