Министерот за здравство, Сашо Клековски, на денешната прес-конференција информираше дека годинава во Македонија се регистрирани четири случаи на маларија, три случаи на денга, еден случај на зика и осум случаи на западнонилска треска, при што упати апел до граѓаните што патуваат во ризични подрачја да ги почитуваат препораките за заштита.Според него, по две години без регистрирани случаи на маларија, годинава се евидентирани четири, а сите се поврзани со патувања во Африка и регионот на Индискио