Јавното претпријатие „Лајка“ организираше несекојдневен настан за бездомни кучиња со поинаков концепт – наместо луѓето да ги избираат милениците, кучињата сами им приоѓаа на оние кај кои чувствуваа доверба и сигурност.
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека идејата била да им се даде можност токму на животните да го направат првиот чекор кон својот нов дом и упати благодарност до сите граѓани кои ги отвориле своите домови за бездомните кучиња и ги повика оние кои во моментот не можат трајно да вдомат миленик да размислат за привремено згрижување.
Од ЈП „Лајка“ посочуваат дека и привремениот дом може да биде важен чекор кон целосно вдомување, повторно стекнување доверба кај животното и можност за подобар живот.
The post Во ЈП „Лајка“ кучињата ги избираа семејствата со кои ќе заминат дома appeared first on Скопско ЕХО.