Откако вчера гостиварчани добија одобрение да ја користат водата во градскиот водовод како техничка, бројот на новопријавени случаи од епидемијата во Гостивар порасна за 109, па Министерството за здравство најави дека ќе воведе засилен надзор за постакутната фаза од епидемијата со која ќе се следат заразните болести што може да се јават.
Според министерот за здравство Сашо Клековски просечно во изминатите 10 години во Гостивар во јули имало по 25 извештаи за заразни болести и како што укажа, во еден момент ќе мора да почнеме да раздвојуваме што е редовна состојба, а што е поврзано со епидемијата.
Бројот на формални пријави, дополни тој, во моментот е 869 од кои анкетирани се 602 лица. Апелира да продолжи соработката со здравствените власти за да може да се следат состојбите.
The post Во Гостивар нови 109 случаи, Министерството воведува засилен надзор appeared first on Прва Скопска ТВ.