Граѓани утре, 6 ноември, ќе се соберат во Градскиот парк во Богданци на мирен протест под мотото „Стоп за фемицидот“, во чест на Билјана. Собирот е закажан за 19 часот, а организаторите бараат правда, одговорност и поголема заштита на жените, како и навремена реакција од надлежните институции.„Нејзиниот глас е замолчен, но нашиот мора да биде погласен од кога било“, се наведува во повикот објавен на социјалните мрежи.Иницијаторите нагласуваат дека фемицидот мора да се спречи пред да се случи и д