Со одлука на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесена по предлог на претседателот на партијата Христијан Мицкоски, Методија Пасков, познат меѓу струмичани како Мето, е избран за нов претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица.
Од партијата соопштија дека одлуката претставува потврда на довербата во долгогодишниот ангажман, посветеност и активност на Пасков во партиските структури, како и во неговите професионални и организациски капацитети.
Методија Пасков е дипломиран информатичар со работно искуство во јавниот и приватниот сектор. Во моментов ја извршува функцијата шеф на кабинет на градоначалникот на општина Струмица, каде што активно учествува во координацијата на локалната самоуправа, институциите и спроведувањето на јавните политики.
Во ВМРО-ДПМНЕ е активен долгогодишен член, кој минал низ повеќе партиски структури – од младинските активности, преку месните комитети, до општинската организација. Според партијата, неговото искуство и познавањето на состојбите на терен претставуваат цврста основа за понатамошно унапредување на работата на Општинскиот комитет.
Пасков е оженет и татко на две деца.
Од ВМРО-ДПМНЕ Струмица истакнуваат дека организацијата останува посветена на принципите на одговорност, единство и работа во интерес на граѓаните, со цел понатамошно јакнење на организацијата и создавање подобри услови за развој на општина Струмица и државата.
The post ВМРО-ДПМНЕ Струмица со нов претседател: Методија Пасков ја доби довербата од Извршниот комитет appeared first on Radio StrumicaNet.