Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека Владата во изминатите две години реализира конкретни инвестиции и инфраструктурни проекти за подобрување на животната средина и условите за живот на граѓаните.
Од партијата наведуваат дека се обезбедени средства и започната е реализација на повеќе од 300 проекти низ државата, меѓу кои водоводи, канализации, пречистителни станици и системи за заштита од поплави.
Според ВМРО-ДПМНЕ, во тек е и реконструкција на делови од водоводната мрежа во Скопје, како и изградба на пречистителна станица во Чучер Сандево. Од партијата оценуваат дека овие инвестиции придонесуваат за почиста животна средина и поквалитетно водоснабдување. Во соопштението додаваат дека Владата ќе продолжи со инвестиции кои, како што велат, ќе обезбедат подобра инфраструктура и посигурна иднина за граѓаните.
The post ВМРО-ДПМНЕ: Се реализираат над 300 инфраструктурни проекти низ државата appeared first on Прва Скопска ТВ.