ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение побара од Стево Пендаровски и поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, јавно да објаснат кој ја финансира изградбата на станбениот објект во скопската населба Влае.Од партијата тврдат дека Пендаровски, преку објава на Фејсбук, потврдил дека станува збор за објектот што се поврзува со семејството на Муслиу. Според ВМРО-ДПМНЕ, како инвеститор е наведена Афродита Муслиу, сопругата на поранешниот директор, кого Пендаровски го именувал на функцијата