ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека СДСМ применува двојни стандарди во однос
на случајот со загадената вода во Гостивар.
Од владејачката партија тврдат дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, не бара одговорност од функционерите на својата партија во локалната власт.
Според ВМРО-ДПМНЕ,поради кризата Владата и државните институции интервенирале со обезбедување флаширана и техничка вода за граѓаните.
Во соопштението се наведува дека СДСМ нема кредибилитет да бара политичка одговорност
додека, како што тврдат, не ги повикува на одговорност сопствените кадри. Од ВМРО-ДПМНЕ ја повикаа СДСМ одговорноста да ја применува еднакво за сите, а не само кон политичките противници.
The post ВМРО-ДПМНЕ обвинува: СДСМ има двојни аршини за Гостивар appeared first on Скопско ЕХО.