
„Антимакедонецот Филипче потврди дека е вистински талог. После Наумов кога пишуваше писма против Македонија, уништувањето на Еуростандард банка и ширењето хистерија со лаги имаме лоша вест за антимакедонската СДС. Банкарскиот систем е стабилен и има механизми за целосна контрола на секоја ситуација која може да биде последица од случувањата со Алта банка во Србија“, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
Тврдат дека банкарскиот систем во Македонија е комплетно безбеден, работи според македонските закони и е под непосредна супервизија на Народната банка.
„Филипче треба да знае дека државата има законски систем за осигурување на депозитите и ниеден граѓанин не може да биде оштетен.
Филипче нема интерес за фактите и ова е уште еден доказ за бескрупулозно нанесување штета на државните интереси. Преку Башановиќ да ја навредуваат Македонија, да предвидуваат и посакуваат апокалиптични сценарија, затоа што не сакаат инвестиции и развој на државата, сето тоа е по насока на српскиот или, пак, на бугарскиот свет, на кои им слугуваат“, порачаа, меѓу другото, од „Белата палата“.
Народната банка на Србија ѝ ја одзема дозволата за работа на Алта банка од Белград. Банката не успеала да ја стабилизира својата финансиска состојба и да ја подобри ликвидноста. Одлуката како што наведуваат е со цел да се заштитат интересите на депонентите и да се зачува стабилноста на финансискиот систем на Србија.
„Во Србија тргна армагедонот, се распаѓа балканскиот картел, балканската мафија, тргна од Орбан, Вучиќ, следен е Христијан Мицкоски’, изјави лидерот на СДСМ Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Поводот за неговото обраќање е објавата од Народната банка на Србија дека српската Алта банка, во чија сопственост е Алта банка Битола (поранешна Стопанска банка Битола), ја губи лиценцата за работа.