Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, упати остри критики кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека ја поддржува политиката на официјална Софија и дека со таквиот пристап ѝ штети на Македонија и на сопствената партија.„Венко Филипче и раководството на СДС, заслепени од желбата за власт, а поради неможноста да дојдат до истата, решително се ставија на страната на официјална Софија“, изјави Петрушевски.Според него, токму таквиот однос е причината за падот на поддршката за СДСМ кај граѓаните.Петрушевски оцени дека Филипче безусловно ги прифаќа барањата за внесување на Бугарите во Уставот, иако, како што рече, е свесен дека барањата не завршуваат тука и се однесуваат и на прашања поврзани со македонскиот идентитет и историја.„Го гледаме Филипче како слугува на официјална Софија, како човек кој се однесува како специјален претставник на бугарската политика во Македонија“, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додаде дека за разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ ја става Македонија и националните интереси на прво место.„ВМРО-ДПМНЕ јасно ја става сопствената држава Македонија пред сè останато и работи за доброто на секој граѓанин. Истовремено, чекори кон исполнување на европските вредности и нивна секојдневна примена“, порача Петрушевски.ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се однесува како специјален претставник на бугарската политика во Македонија
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, упати остри критики кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека ја поддржува политиката на официјална Софија и дека со таквиот пристап ѝ штети на Македонија и на сопствената партија.„Венко Филипче и раководството на СДС, заслепени од желбата за власт, а поради неможноста да дојдат до истата, решително се ставија на страната на официјална Софија“, изјави Петрушевски.Според него, токму таквиот однос е причината за падот на поддршката з...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, упати остри критики кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека ја поддржува политиката на официјална Софија и дека со таквиот пристап ѝ штети на Македонија и на сопствената партија.„Венко Филипче и раководството на СДС, заслепени од желбата за власт, а поради неможноста да дојдат до истата, решително се ставија на страната на официјална Софија“, изјави Петрушевски.Според него, токму таквиот однос е причината за падот на поддршката за СДСМ кај граѓаните.Петрушевски оцени дека Филипче безусловно ги прифаќа барањата за внесување на Бугарите во Уставот, иако, како што рече, е свесен дека барањата не завршуваат тука и се однесуваат и на прашања поврзани со македонскиот идентитет и историја.„Го гледаме Филипче како слугува на официјална Софија, како човек кој се однесува како специјален претставник на бугарската политика во Македонија“, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додаде дека за разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ ја става Македонија и националните интереси на прво место.„ВМРО-ДПМНЕ јасно ја става сопствената држава Македонија пред сè останато и работи за доброто на секој граѓанин. Истовремено, чекори кон исполнување на европските вредности и нивна секојдневна примена“, порача Петрушевски.