Од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение порачаа дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче нема кредибилитет да зборува за состојбите во здравствениот систем.

Од партијата тврдат дека неговиот мандат бил обележан со афери, скандали и нерешени прашања, наведувајќи ги набавката на вакцини преку посредник, случајот „Крвави тендери“ и трагедијата во модуларната болница во Тетово.

Партијата оценува дека за време на ковид-пандемијата граѓаните се соочиле со сериозни предизвици и недоверба во здравствениот систем и дека нивна цел е ефикасно и транспарентно здравство со инвестиции во кадар, опрема и подобри услови за лекување.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема кредибилитет да држи лекции за здравството appeared first on Прва Скопска ТВ.