
Коалицијата ВЛЕН соопшти дека усвојувањето на Оперативниот план за вработување за 2026 година претставува потврда за заложбите за креирање политики насочени кон подобрување на економските можности за граѓаните.
Според партијата, планот што го промовираа министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и директорот на Агенцијата за вработување Аднан Ејупи предвидува инвестиција од 40 милиони евра и опфаќа повеќе од 10.000 корисници.
„Преку поддршка за самовработување, претприемништво, стручни обуки и нови работни места, се создаваат конкретни можности за младите, жените и за сите оние кои бараат посигурна економска перспектива.
Нашата цел како ВЛЕН е јасна: младите Албанци да не ја гледаат својата иднина надвор од Северна Македонија како единствена можност. Тие треба да имаат причина да останат, да се вратат, да инвестираат, да создаваат семејства и да изградат достоинствен живот во својата земја.“, се вели во соопштението на ВЛЕН
Од таму оценуваат дека задржувањето на населението се постигнува преку отворање работни места, поддршка на бизнисите и обезбедување еднакви можности за развој.