
„Ниедна политичка партија не ги контролира гласовите и не може да бара сопственост врз нив. Гласовите им припаѓаат на граѓаните, кои се слободни да одлучат кому ќе ја доверат својата поддршка. Ова е демократски принцип што мора да го почитуваат сите“, објавија од партијата ВЛЕН по изборите во Брвеница и победата на Аркин Јахији од коалицијата НАИ.
Според партијата, изборите во Брвеница покажале дека нашата земја сè уште има многу работа додека не изгради инклузивен граѓански модел.
-Граѓански модел не може да се изгради со повикување на етничко гласање заедно со СДСМ и Левица. Затоа што каде што е Левица, нема Албанци. Бидејќи таков пристап ризикува создавање маѓепсан круг на провокативна и поларизирачка реторика и продлабочување на етничките поделби. Како резултат на тоа, наместо напредок, ќе имаме регресија, порачаа, меѓу другото, од ВЛЕН.
Од партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ, по повод резултатите од Брвеница, синоќа се обрати портпаролот Валентин Манасиевски кој прво им се заблагодари на сите што го дале гласот за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, а потоа ја обвини ДУИ дека во овој изборен циклус водела политика на етнички поделби.
Според него, кандидатот на ДУИ, Аркин Јахији на овие избори добил поддршка од ВЛЕН, СДСМ и Левица.