Во Владата денеска ќе се одржи панел-дискусија посветена на Извештајот на Европската комисија за 2026 година и реформските процеси на земјата.

На настанот, кој е насловен „Извештајот на Европската комисија за 2026 – напредок и реформи“, ќе учествуваат министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и заменик-амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Бен Нупнау.

Модератор на панел-дискусијата ќе биде владината портпаролка Марија Митева.

На панелот се очекува да бидат разгледани оценките од најновиот извештај на Европската комисија, постигнатиот напредок и реформите што треба да се реализираат во наредниот период во рамки на евроинтегративниот процес.

The post Владата организира дебата за извештајот на ЕК за 2026 година appeared first on Скопско ЕХО.