Владата донесе одлука интервентно да обезбеди од денес и во наредните неколку дена по 50.000 литри бесплатна вода дневно за пиење за граѓаните на Гостивар, со цел да се обезбедат основните потреби на населението додека траат мерките и препораките на надлежните институции.

Дистрибуцијата на водата ќе се реализира прелу Службата за општи и заеднички работи на Владата преку следните пунктови:

– Водостопанство – Гостивар, ул. ЈНА бр. 139
– Градинка „Пролет“,  ул. Беличица бр. 47
– СЕОУ – Гостивар (Средно економско училиште), ул. Живко Брајковски бр. 39
– ЈП Национални шуми – Подружница „Шар“ Гостивар, ул. Браќа Ѓиноски бр. 165
– АД ЕСМ – Подружница кај гаражите (питарница), ул. Илинденска
– Општа болница „Ферид Мурад“ – паркинг,  ул. Чеде Филиповски бр. 29
– Територијална противпожарна единица – Гостивар, ул. Беличица бр. 35

Истовремено, како што наведуваат од Владата, сите надлежни институции продолжуваат со интензивните контроли, анализи и истражни дејствија за утврдување на причините за настанатата состојба.

– Очекуваме целосно расчистување на случајот, а секој што ќе има утврдена одговорност ќе сноси одговорност согласно закон. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат препораките на надлежните институции и информациите да ги следат исклучиво преку официјалните канали, со цел навремено и точно информирање – велат од Владата.

Приоритет на Владата останува заштитата на здравјето на граѓаните, брзата институционална реакција и целосното надминување на состојбата, а Владата ќе продолжи да презема сè што е потребно за обезбедување поддршка на граѓаните сè до нормализирање на состојбата.

The post ВЛАДАТА ЌЕ ДОДЕЛУВА ПО 50.000 ЛИТРИ ВОДА ДНЕВНО ЗА ГОСТИВАР Дистрибуцијата ќе се одвива на следниве пунктови appeared first on plusinfo.mk.