Поради нивните бројни здравствени придобивки, вишните сè повеќе се сметаат за функционална храна. Тие имаат кисел, освежителен вкус, а можете да уживате во нив не само во текот на летната сезона, туку и по неа, кога имате замрзнати вишни.
Обично го консумираме ова овошје преработено во форма на сок, џемови, компоти, ликери и додатоци и филови за колачи.

Вишните се одгледуваат најмногу во Европа, по што следат САД и Централна Азија. Меѓу трите најпознати сорти е мараската, која е популарна и кај нас.

Сладоста на вишните доаѓа од едноставни шеќери, гликоза и фруктоза, а киселоста се должи на органската малична киселина.

Од витамини, вишните содржат витамини Ц, Е и К и некои витамини од групата Б.

Повеќе за ова прочитајте на „Арт кујна“.

The post ВКУСНИ, КИСЕЛИ И ЗДРАВИ Вишните се богати со антиоксиданти, а добри се и за спиење appeared first on plusinfo.mk.