
Викенд за паметење: Тројца македонски ракометари клекнаа на колено – три романтични запросувања што ја воодушевија јавноста (ФОТО)
Македонскиот ракомет викендов не славеше само љубов кон спортот, туку и љубов за цел живот. Дури тројца македонски ракометари во ист викенд одлучија да направат голем животен чекор и да ги запросат своите избранички, а заедничко им беше и тоа што сите ја избраа магичната атмосфера на плажа како совршена сценографија за незаборавниот момент.
