Додека Јапонија се соочува со екстремни горештини и температури што на некои места се приближуваат до 40 Целзиусови степени, две јапонски компании претставија необично решение за разладување – „фрижидер за луѓе“.Уредот, наречен Do Hiemon, претставува кабина изработена од нерѓосувачки челик со вградено седиште. Откако корисникот ќе влезе внатре, системот испушта силни млазови воздух разладен на околу 5 степени Целзиусови, насочени кон главата, вратот, рамената и грбот, за што побрзо намалување на