Девет лица загинаа во крвопролевањето во полскиот град Краков. Шест лица беа убиени во пукање во центарот на градот, а полскиот премиер Доналд Туск потврди дека во домот на напаѓачот биле пронајдени уште три тела – на две жени и еден маж. Потврдено е дека станува збор за неговите родители и сестра. Околностите под кои починале сè уште се истражуваат.

Напаѓачот, Полјакот Михал О., попладнето со автомобил влета на главниот градски плоштад и почнал да пука кон минувачите.

Во нападот беа повредени најмалку 15 лица, меѓу кои и двајца полицајци. Еден од нив е во тешка состојба. Шеснаесеттиот повреден е самиот напаѓач.

Тој е во тешка здравствена состојба и е подложен на втора операција, изјави полскиот министер за внатрешни работи Марчин Кјервински.

Министерот соопшти и нови детали за повредените полицајци. Едниот добил една прострелна рана и животот не му е во опасност, додека другиот бил погоден со три куршуми и се наоѓа во многу тешка состојба.

Од полицијата соопштија дека тешко повредениот полицаец се бори за живот.

Во Полска се прогласени денови на жалост,

Текстот ВИДЕО: Во домот на напаѓачот од Краков пронајдени три тела е превземен од А1он.