Украински беспилотни летала ја погодија нафтената рафинерија во рускиот град Јарослављ, при што се повредени двајца вработени, соопшти гувернерот Михаил Евраев.По нападот избувнал пожар во постројката, а надлежните служби работат на негово гаснење. Снимките и фотографиите објавени по нападот покажуваат голем пожар во кругот на рафинеријата. Според каналот „Ексиленова+“ на Телеграм, цел на нападот била рафинеријата „Славнефт-ЈАНОС“, додека локалните жители пријавиле три одделни пожари во индустри