Турската фудбалска репрезентација, пред првиот натпревар на Светското првенство 2026 е потресена од скандал откако тројца играчи беа снимени како пушат цигари на хотелска тераса.

Видеото брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика лавина од реакции кај навивачите.

Дополнителна бура предизвикаа шпекулациите на некои корисници дека не станува збор за обични цигари, туку за џоинт, иако засега нема официјална потврда за ваквите тврдења.

Главниот актер во овој скандал е столбот на одбраната на турската селекција, Чаглар Сојунџу, кој беше снимен како пуши додека е придружуван од уште двајца соиграчи.

Локалните медиуми веднаш започнаа истрага и открија дека заедно со него, на терасата се и Канан Ајхан и Абдулкерим Бардакчи.

Досега, Фудбалската асоцијација на Турција не објави ништо за видеото, ниту е познато дали ќе биде покрената дисциплинска постапка против играчите.

На Светското првенство, Турција е во групата Д заедно со САД, Парагвај и Австралија, и останува да се види дали овој инцидент ќе влијае на атмосферата во тимот пред натпреварите.

Утре рано наутро по европско време Турција ќе го игра воведниот меч против селекцијата на Австралија.

Текстот (ВИДЕО) Тројца турски фудбалери фатени со цигара – хаос пред утрешниот меч со Австралија на СП2026 е превземен од А1он.