Три лица загинаа, а по едно лице сè уште се трага по тешката поморска несреќа што денеска се случи во морскиот предел меѓу хрватските острови Брач и Шолта, во близина на Сплит.

Според информациите од хрватската полиција, несреќата се случила околу 11:38 часот, кога дошло до судир меѓу едрилица и катамаран, по што едрилицата потонала.

„Во поморската несреќа што се случи во акваториумот меѓу островите Шолта и Брач, смртно настрадаа три лица, а по едно лице сè уште се трага. На останатите четири лица од едрилицата им е укажана медицинска помош на местото на несреќата и немало потреба од нивна хоспитализација“, соопшти полицијата.

Во тек е голема акција за пребарување и спасување, во која учествуваат надлежните поморски и спасувачки служби.

Причините за несреќата засега не се познати, а истрагата е во тек. Надлежните институции најавија дека дополнителни информации ќе бидат соопштени откако ќе бидат утврдени околностите под кои дошло до судирот.

Текстот (ВИДЕО) Три лица загинаа во тешка поморска несреќа кај Сплит, по едно лице сè уште се трага е превземен од А1он.