Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја обвини демократската конгресменка Илхан Омар дека се омажила за својот брат, а на предизборен митинг во Канзас неочекувано почна да зборува и за сопствените сестри, нагласувајќи дека никогаш не сакал да биде во љубовна врска со нив ниту да се ожени со нив.„Имам две прекрасни сестри. Едната почина, беше извонредна личност и федерална судијка. Другата исто така е прекрасна, но никогаш не сум сакал да бидам во врска со неа ниту да се оженам со неа“