Тешка сообраќајна несреќа се случила по наплатната рампа Малгара, на клучката кај Евзони, во правец кон Солун, при што животот го загубила 70-годишна жена.Според првичните информации од грчките медиуми, автомобил, под засега неразјаснети околности, се судрил со камион. Во несреќата починала 70-годишна патничка, додека маж бил пренесен во болница со полесни повреди.Според досегашните сознанија, автомобилот удрил во камионот со задниот лев дел, а точните причини за несреќата ќе бидат утврдени во истрагата што ја спроведува сообраќајната полиција.На местото на несреќата веднаш биле испратени полициски екипи кои го регулираат сообраќајот и вршат увид.Поради инцидентот и возилата кои се задржале на патниот правец кај Евзони, веќе се регистрирани застои и доцнења на оваа делница од автопатот кон Солун.