Сите тројца загинати во падот на хеликоптерот на ЕУФОР во местото Горице, кај Брчко во Босна и Херцеговина, како и 12 повредени лица, се италијански државјани.

Според сведочењата на очевидци, хеликоптерот почнал да се врти во воздухот непосредно пред да падне. Во меѓувреме се појавија и снимки од моментот на несреќата.

Директорот на Јавната здравствена установа „Здравствен центар Брчко“, Јасмин Механовиќ, претходно потврди дека едно од повредените лица е во животна опасност и дека најверојатно ќе биде пренесено во Универзитетскиот клинички центар во Тузла.

На местото на несреќата веднаш пристигнаа полициски екипи од Брчко, пожарникари и медицински тимови. Поширокото подрачје е обезбедено.

Точната причина за падот сè уште не е позната. ЕУФОР спроведува истрага за да се утврдат околностите под кои се случила несреќата.

Од ЕУФОР претходно соопштија дека во инцидентот нема повредени цивили и дека не се оштетени цивилна инфраструктура, имот или возила. Граѓаните беа повикани да не шират непроверени информации и да ги следат официјалните соопштенија.

Текстот (ВИДЕО) Снимен падот на хеликоптерот на ЕУФОР кај Брчко: Се вртеше во воздухот пред да се урне е превземен од А1он.