Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, ги посочи медиумските шпекулации како причина за создавање недоверба во Алта банка во Србија, тврдејќи дека медиумите придонеле за нејзиното уривање. Во разговор со водителката Наташа Стојановска во Топ тема, тој го оспори и известувањето на британскиот „Фајненшл тајмс“, кој објави детали за финансиските проблеми на банката, сомнежите за перење пари и повлекувањето големи суми од нејзините сметки.„’Фајненшл тајмс’ може сѐ да напише, тоа се дневни в