Од четвртокот па сè до денеска, корисниците на апликацијата „Мој ДДВ“ се соочуваат со проблеми при пристапот до системот, поради што не можат да скенираат фискални сметки и да го остварат правото на поврат на данокот.Граѓаните кои се обидуваат да се најават во апликацијата со својот ПИН-код добиваат порака дека нема конекција со Управата за јавни приходи.„Нема конекција до УЈП“, е известувањето кое се појавува при обид за пристап до системот.Поради проблемот, корисниците се оневозможени да внесуваат нови фискални сметки, а засега нема официјално објаснување за причините поради кои апликацијата е недостапна веќе неколку дена.„Скопје1“ побара одговори од Управата за јавни приходи за тоа што го предизвикало проблемот и кога се очекува системот повторно да биде ставен во функција.Доколку УЈП достави одговор, истиот ќе го пренесеме. Засега не е познато ниту кога системот ќе биде вратен во функција.