Во невремето кое попладнево го зафати Скопје, без кров остана салата на средното хемиско училиште „Марија Кири Склодовска“.Покрај училиштето, силниот ветер откорна и покриви од станбени згради и други објекти во различни делови од Скопје. На повеќе локации има паднати дрвја и гранки, оштетени се возила, а на дел од улиците сообраќајот е отежнат поради наноси и урнати предмети.Надлежните служби се на терен и работат на расчистување на последиците од невремето, а се проценува и висината на причине