По невремето во Скопје кај зградата на ЈП „Водовод и канализација“ можат да се забележат големи блокови од стиропор кои се откорнати од фасада, под налетите на силниот ветер.Фотографиите од местото на настанот ја покажуваат големината на откорнатите делови од фасадата, кои сведочат за силата на ветерот што попладнево предизвика штети на повеќе локации низ главниот град.