Земјотрес со јачина од 6,1 степени денеска го погоди подрачјето кај брегот на јапонскиот регион Канто, а потресите се почувствуваа дури и во Токио. Засега нема пријавено штети, а не е издадено ниту предупредување за цунами.

Земјотресот, регистриран во 19:39 часот по локално време, се случил во морето, источно од регионот Канто, на длабочина од 10 километри, соопшти Јапонската метеоролошка агенција на својата веб-страница.

Според Геолошкиот институт на САД (USGS), епицентарот се наоѓал на околу 200 километри источно од Чиба, град што се наоѓа источно од Токио.

Земјотресот бил оценет со 3-ти степен според јапонската скала за сеизмички интензитет – која се движи од нула до седум – што значи дека „речиси сите што се во затворени простории го чувствуваат тресењето“, а „садовите на полиците може да ѕвечкаат“, наведуваат од јапонската агенција.

Текстот (ВИДЕО) Силен земјотрес во Јапонија е превземен од А1он.