Со инвестиција од 25 милиони евра започнува третата фаза од системот за наводнување „Страиште“, со која ќе бидат опфатени 1.500 хектари земјоделско земјиште во валандовскиот регион. Од проектот се очекува да имаат корист околу 6.000 земјоделци.Почетокот на реализацијата беше означен денеска во населеното место Пирава, во општина Валандово, на настан на кој присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски и градоначалникот на Вал