Пејачот Саша Ковачевиќ и неговата долгогодишна девојка Зорана Тасовац се венчаа по речиси девет години врска, пренесоа српските медиуми.

Ковачевиќ минатата година ја запроси Зорана, а потоа пристигнаа и убавите вести дека парот го очекува своето прво заедничко дете.

Саша и Зорана сè организирале во тајност, но неколку снимки сепак се појавија на социјалните мрежи. Како што пишува српски „Блиц“, невестата го зела презимето Ковачевиќ, а првиот танц на младенците бил со песната „У тебе сам заљубљен“ на Роѓа Раиќевиќ.

 

Ова е прв брак за Саша Ковачевиќ, додека за Зорана е втор. Таа од претходниот брак со Богдан Срејовиќ ја има ќерката Искра.

„Нема да верувате, но Зорана ја запознав преку Инстаграм. Така почнавме да си ‘лајкуваме’ објави, влеговме во комуникација, а потоа и се видовме“, искрено раскажал Саша, додавајќи:

„Таа ја разбира мојата работа и тоа е сосема нормално. Она што нè одржува е, пред сè, љубовта, како и сè што оди со неа и што е важно за една врска да успее. Од моја гледна точка, оваа врска најмногу ми одговара во секој поглед и навистина не би ја заменил за ништо.“

Саша неодамна откри дека тој и Зорана извесен период ја криеле веста за бременоста за да бидат сигурни дека сè е во ред со бебето.

„Се трудевме некое време тоа да го задржиме за себе додека не бидеме сигурни дека сè е како што треба. Не знаеме како веста протече во јавноста, но сега е бесмислено да демантирам нешто што е вистина. Многу сме среќни и со нетрпение го чекаме денот кога ќе ни пристигне малиот Ковачевиќ или малата Ковачевиќ“, изјави Саша.