Соединетите Американски Држави во текот на ноќта извршија нов бран воздушни напади врз воени цели во Иран, додека Техеран возврати со ракетни напади и напади со беспилотни летала кон Јордан, Бахреин и Кувајт, што дополнително ги засили стравувањата од проширување на конфликтот на Блискиот Исток.Според соопштението на Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ), ова е деветта последователна ноќ на американски операции. Наведено е дека биле погодени воени командни центри, системи за воздушна одбрана и кр