Руските власти соопштија дека во текот на ноќта 11 лица, меѓу кои и четири деца, загинале во украински напад врз туристичкото место Кириливка, во делот од Запорошката област што е под руска контрола. Во нападот биле повредени уште 16 лица.Гувернерот на регионот, поставен од Москва, Евгениј Балицки, ја обвини Украина дека намерно гаѓала цивили, тврдејќи дека нападот бил извршен врз одморалиште на брегот на Азовското Море, во близина на Мелитопол. Од украинска страна засега нема официјален комента