Руските сили во текот на ноќта извршија серија напади врз повеќе региони во Украина, при што загина едно лице, а најмалку 12 се повредени, соопштија украинските власти.Најтешко беше погоден градот Запорожје, каде што руска бомба уништи семејна куќа. Во нападот загина 67-годишен маж, додека 22-годишно лице беше извлечено од урнатините по повеќечасовна спасувачка акција и е пренесено во болница.Во одвоен напад со дрон врз станбена зграда во Запорожје беа повредени 53-годишна жена и 52-годишен маж.