Русија во текот на ноќта изврши балистички напад врз Киев, при што беше погодена и станбена зграда, соопштија украинските власти. Нападот следуваше само еден ден откако украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека постои опасност од нов масовен ракетен удар врз главниот град.Според украинските медиуми, околу 00:23 часот по локално време во Киев одекнале повеќе експлозии, а непосредно пред тоа украинското воено воздухопловство издало предупредување за закана од балистички проектили.