Кристијано Роналдо го покажа своето атлетско тело додека пливаше во долна облека, додека друштво му праваше неговата свршеница Георгина Родригез во црно бикини за да го снимат видеото кое стана вирално преку ноќ.

Славниот пар уживал во снимањето на видеото на кое ги прикажува нивните разголени тела. Кристијано одвоил време за својата свршеница откако португалската репрезентација беше исфрлена од Светското првенство во фудбал. Иако ова беше неговото последно Светско првенство, тој се надева дека тоа нема да значи и негово пензионирање, а дотогаш се посветува на Георгина, со која е свршен една година.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Кристијано отворено зборуваше за свршувачката со Георгина во шоуто на Пирс Морган, откривајќи дека ја запросил во необично време од денот.

„Беше околу 1 часот наутро. Моите ќерки спиеја во кревет. Еден од моите пријатели ми даде прстен за да ѝ го понудам на Џија, и додека ѝ го давав прстенот, моите две деца влегоа и рекоа: „Тато, ќе ѝ го дадеш прстенот на мама и ќе ја замолиш да се ожени за тебе.“

„Реков: „Вау, ова е вистинското време.“ Беше време. Знаев дека еден ден ќе го направам тоа, но тоа тогаш не планирав.“

Славниот фудбалер исто така открил дека многу се трудел за да го најде совршениот свршенички прстен за Георгина.

„Таа бараше прстен што има добар камен. И јас се трудев и се трудев и конечно го пронајдов она што ѝ се допаѓа.“