Пожар избувна во железничката станица во Рајловац, во Сараево, каде што пламенот зафатил неколку железнички вагони. На местото веднаш биле испратени екипи на Професионалната противпожарна единица на Сараевскиот кантон, кои започнале со гаснење.Според информациите од пожарникарите, најверојатно станува збор за напуштени вагони, а не за цистерни. Засега не се познати причината за пожарот и висината на материјалната штета, а нема ниту информации за евентуално повредени лица.